Историско судење на српските разузнавачи Станишиќ и Симатовиќ за војната во Хрватска и Босна

Денеска во Хашкиот трибунал треба да се донесе пресудата за двајцата поранешни началници на српската Државна безбедност, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, и за нивната улога во војната во Хрватска и Босна во раните 90-ти години, пренесува Гардијан.

Ова судење ќе биде историско, не само поради неговото времетраење, туку и поради тоа што зборува за прикриената улога на Белград во конфликтот во Босна кој траеше од 1992-ра до 1995-та година.

„Овој исцрпувачки бавен спор против два високо рангирани српски офицери за безбедност, е вистински тест за да се потврди белградското оркестрирање на етничко чистење во Босна и Хрватска за време на раните 90-ти години. Поврзаноста на лидерството на Белград со војната може да биде пеколно“ изјави Дејвид Шефер, поранешен американски пратеник за прашања со воени злосторства и заменик претседател на Американското Друштво за Меѓународно право.

Јовица Станишиќ, поранешниот шеф на службата за државна безбедност (ДБ) и неговиот заменик Франко „Френки“ Симатовиќ во 2003-та година првпат беа обвинети за наводно вооружување и координирање на воени групи одговорни за воени злосторства во војната во Хрватска и Босна. Тие тогаш биле двајца од најмоќните луѓе во Србија. Станишиќ исто така бил соработник на ЦИА, по што агенцијата направила невообичаен потег, доставувајќи класифициран документ до судот, опишувајќи ја неговата помош.

Тие биле ослободени во 2013-та година, откако мнозинството на судот потврди дека кривичното гонење не било докажано и дека е потребна намера за понатамошно пронаоѓање на криминалната цел. Сепак, во 2015-та година, беше наредено повторно судење, откако апелацискиот совет пресуди дека судиите на тогашното судење погрешно го толкувале случајот. Но тоа толкување на апелацискиот совет било одбиено од страна на други судии.

Во Јуни 2017-та година започна второто судење, а денешната пресуда ќе биде кулминација, по 228 дена во судот и сослушување на околу 80 сведоци.

„Трибуналот за поранешна Југославија никогаш во својата 30-годишна историја не осудил ни едно српско службено лице за воените судири во Хрватска со Босна и Херцеговина. Многу експерти се согласуваат дека тоа не ја опишува реалноста на конфликтот“ изјави Ива Вукушиќ, професор по историја на Универзитетот во Утрехт.

Станишиќ и Симатовиќ биле клучни играчи во режимот на Слободан Милошевиќ, кој сакаше да создаде „Голема Србија“ надвор од границите на Југославија во 90-тите, додека Станишиќ беше одговорен за државната безбедност, констатира Гардијан.

Но во меѓувреме се дознало дека Станишиќ играл двојна улога, контактирајќи ЦИА агенти, објави Лос Анџелес Тајмс во 2009-та година, откако поранешен ЦИА агент им ја соопштил веста. Станишиќ на ЦИА им објавил информации за внатрешните состојби на тој режим, локациите на НАТО заложниците и местата на масовните гробници.

Владимир Џуро, чешки полицаец кој ги испрашувал двајцата обвинети, вели дека судењето во среда ќе биде најкритичниот момент во разоткривањето на вмешаноста на Белград во војната.

„Доколку двајцата бидат осудени, тоа би било поради воени злосторства, а тоа би било разбрано како политички притисок што интензивно расте во последно време“ изјави Чедомир Антиќ, историчар на Универзитетот во Белград, кој посочи кон поврзаноста на Станишиќ со ЦИА. Тој додаде дека тоа само ќе биде разбрано како анти-српска кампања.

Тој вели тека луѓето од Србија веќе имаат свое мислење за случајот и тешко дека ќе го променат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот