Историска одлука: На Иранките им е дозволено да присуствуваат на фудбалските стадиони

фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

На Иранките ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите од машкиот фудбалски шампионат, објави претседателот на Фудбалската федерација на Иран, Мехди Таџ.

– Една од важните карактеристики на лигата оваа година е тоа што ќе гледаме жени на стадионите – рече претседателот на Федерацијата Мехди Таџ за време на директен пренос од жрепката за претстојната сезона на иранскиот шампионат, која започнува во август.

Таџ додаде дека некои стадиони во градовите Исфахан, Керман и Ахваз – но не и во главниот град Техеран – се подготвени да ги пречекаат иранските жени.

Иран во голема мера им забрани доаѓање на женските гледачи од фудбалските и другите спортски стадиони од Исламската револуција во 1979 година, и покрај тоа што нема закон што го забранува тоа.

Иранските верски власти, кои играат важна улога во одлучувањето во земјата, тврдеа дека жените треба да бидат заштитени од машката атмосфера и погледот на полуоблечените спортисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот