Историјата на Лешокиот манастир презентирана во списанието „Огледало”

 Тетовско-гостиварската епархија го објави најновото овогодинешно издание на „Огледало” периодично списание за православна вера, култура, образование и наука. Главната тема е насловена „Христијаните во Полог и Лешочкиот манастир низ вековите”.

-Во овој труд станува збор за бурната историја на Лешочкиот манастирски комплекс низ вековите поточно од основањето на манастирот па се до 1818 година кога со доаѓањето на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ на чело на манастирот како игумен, тој бил возобновен а со тоа и неговата историја. Во ова излагање се потрудивиме да го доловиме непрестајното егзистицирање на манастирот со прикажување на историскиот развој преку доловување на настаните поврзани со основањето, разурнувањето, подигањето уредувањето на храмовите и манастирските коанци се до неговото повторно возобновување кога како феникс од пепелта во 1818 година со  покривителство на игуменот Кирил од Теарце, истакнува митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф кој воедно е главен и одговорен уредник на списанието.

Освен трудовите поврзани со носечка тема на овогодинешното издание големиот број соработници изработиле научно градиво од црковната и световна книжевност, од црковната уметност и медицината, како и теми поврзани со македонската преродба.

Списанието има 98 страници и е достапно за читање и преку интернет страницата на тетовско-гостиварската епархија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот