Можно ли е да се истенчите за само 14 дена? Да, со овој протокол за слабеење!

Еден циклус овозможува симнување на 7 ‒ 10% од телесната маса, а трае 14 дена. Она што е најважно, третманите се сосема сигурни за здравјето. Во текот на третманот не сте гладни, нема пад на шеќерот и енергијата, се чувствувате oдлично ‒ килограмите ги губите брзо, а првите резултати се видливи веќе по 72 часа.

Современата исхрана изобилува со шеќери, кои заедно со хормонот инсулин доведуваат до наталожување на масни наслаги и до дебелеење. Липосукцискатa исхрана значи обратно – внесување на здрави и заситени масти, а избегнувањe на шеќери. Бидејќи мастите, за разлика од шеќерите, не се само празни калории, телото е снабдено не само со двојно повеќе енергија, туку и со есенцијални нутриенти. Иако липосукциската исхрана, во поширока смисла, е стил на живеење, таа својата популарност ја стекна најмногу благодарение на дието-терапевтските третмани, т.н неинвазивна липосукција. Еден третман од 14 дена овозможува намалување на телесната тежина за 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина – вели Кенан Мандра, нутриционист и творец на липосукциската исхрана и додава:

– Главно, дозволено е сѐ она што вашата баба би го препознала како храна. Значи, храната која се наоѓа во природата, а наша задача е да ја препознаеме и да научиме да разликуваме природна храна од вештачки производи. Не треба да се консумираат шеќери, рафинирани растителни масла, маргарин, житарки, сокови и слатки, инстант-супи, храна од ќесички, туби, конзерви, кутии, тетрапак и слично. Секогаш треба да се снабдиме со куп домашен зеленчук (зелка, салати, брокула, карфиол, домати, краставици, пиперки). Неизоставни намирници се маслиново масло, путер, јајца, полномасни сирења, кефир, домашни сувомеснати производи, телешко и риба. Кога ќе уживате во тоа што јадете здраво, тогаш навистина ќе се почувствувате слободно и ќе го одбирате за себе само најдоброто. Без таа свест, секоја диета е само една добра епизода која кратко трае и дава привидни резултати.

Фото: Промо

Не се заморувате со броење калории!

Д-р Валентина Крстеска од „International Health“ Скопје ни објаснува дека липосукциската исхрана е против броењето на калории, туку е за тоа од каде тие калории доаѓаат.

Не треба да гледаме на часовникот и да ја мериме храната, зашто количините не се важни, важен е составот и квалитетот на тоа што се јаде. По извесно време ќе научиме да го слушаме своето тело и ќе сфатиме дека сме сити со многу помали количини отколку претходно, зашто мастите се хранливи и ќе нè држат сити, за разлика од шеќерите и скробот кои нè прават постојано гладни.

Не заборавајте на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“

Секако, за липосукциската диета да биде успешна и брза, неопходни се суплементите – „Липо алфа“ и „Липо бета“.

– Протоколот за слабеење се состои од две фази. Првата фаза е липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и трае 14 дена. Втората фаза е план за исхрана и стабилизација и одржување на килограмите и трае исто така 14 дена. „Липо алфа“, прашок во ќесички, е додаток на исхраната, базиран на концентрат од протеини на сурутка, со додаток на глукоманан, таурин, калиумов цитрат, трикалциумов фосфат, витамините Б6 и Б12, цинк и
засладувачот сукралоза. „Липо бета“ пак, се аминокиселини во капсули, додаток кон исхраната базиран на аминокиселините Л цитрулин, Л орнитин-алфа-кетоглуторатат, Л изолеуцин и Л триптофан. И „Липо алфа“ и „Липо бета“ се произведуваат во Германија според највисоки стандарди, а регистрирани се како додаток во исхраната во надлежните институции во Република Македонија, објаснува д-р Валентина Крстеска од „International Health“ Скопје.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „International Health“ – Скопје (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на
телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот