Исплива голема тајна на кралското семејство: Откриено зошто кралицата Елизабета била бесна на Хари и Меган Маркл

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Книгата „Чарлс Трети: Нов крал, нов двор. Инсајдерска приказна“ (Charles III: New King. New Court. The Inside Story) од Роберт Хардман, чии извадоци редовно ги објавува „Дејли мејл“, повторно го вознемири кралското семејство.

Секој пасус од книгата открива тајни на британското кралско семејство, а овој пат во центарот на вниманието е наследничката на принцот Хари и Меган Маркл – Лилибет Дијана.

Имено, еден член на персоналот на кралското семејство раскажал за книгата, како кралицата Елизабета била бесна откако дознала дека Меган и Хари јавно кажале дека добиле дозвола да го користат нејзиниот прекар од детството за нивната тогаш, новородена ќерка.

Малата Лилибет е родена во јуни 2021 година, а набргу по нејзиното раѓање, нејзините родители изјавиле дека никогаш немало да го користат приватниот прекар на кралицата, доколку таа не им дала дозвола.

Но, членот на персоналот сега го негира ова и вели дека никогаш не ја видел кралицата толку лута како во моментот кога дознала дека е објавено дека Хари и Меган го имаат нејзиниот благослов за името.

Оваа тајна доаѓа две години откако инсајдер од палатата изјави за „Би-би-си“ дека Меган и Хари никогаш не ја прашале кралицата за мислење за името на нивната ќерка.

„Извор од палатата му кажа на „Би-би-си“ дека Меган и Хари не ја прашале кралицата за користење на нејзиниот прекар од детството“, објави тогаш дописникот Џони Дајмонд.

Меган и Хари преку своите адвокати испратија изјава до сите медиуми за да ги информираат дека, секоја изјава дека не побарале дозвола од кралицата е лажна и ќе се третира како клевета. Напоменаа дека не сакаат вакви изјави да се повторуваат.

Покрај Лилибет Дијана, која сега има 2 години, Хари и Меган се родители и на синот Арчи, кој се роди во мај 2019 година.

ФОТО | Од војвотка до инфлуенсерка: Меган Маркл се врати на Инстаграм

ВИДЕО | Меган Маркл повторно шокира: „Не, ова не е моето вистинско име“

Принцот Хари за секс-сцените на Меган во „Suits“: Не требаше да ги гледам, ми треба терапија со електрошок

Хари и Меган ја добија ќерката Лилибет Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот