Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 1.447 лица исплати 11,3 милиони денари. Парите ги добија фармери кои имаат мали земјоделски стопанства со големина од 0,2 до еден хектар.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, финасиската поддршка за производен капацитет од 0,2 до 0,5 хектари изнесува 6.000 денари, додека за производни капацитети од 0,5 до еден хектар, поддршката е 12.000 денари.

Изминатиот период, Агенцијата ги исплати субвенциите за полједелците, градинарите, лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда.

– Ќе продолжиме со редовна исплата на субвенциите за сите што законски стекнале право за користење финансиска поддршка. Праксата за навремена и неселективна реализација на субвенциите продолжува. Парите се префрлаат во период кога на земјоделците им се најпотребни, пред почеток на новата реколта, наведува Платежната агенциа и додава дека оваа Влада од почетокот на мандатот до денеска, исплати околу 381,6 милиони евра финансиска поддршка за развој на агро секторот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот