Исламистите кои го соборија авионот на сириската Влада го заробиле пилотот

Фото: Принтскрин

Џихадисти денеска соборија авион на сириската Влада и го заробија пилотот, што е прв таков случај по ескалацијата на судирите во последните месеци на северозападот на Сирија, соопшти невладиниот Центар за мониторинг на човековите права во таа земја.

Авионот -ловецот Сухој ја надлетувал областа источно од Хан Шејхун, клучен град на југот на Идлиб, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Припадниците на групата Тахрир ал-Шам го заробиле пилотот, откако тој се катапултирал.

Рахман, исто така, рече дека тоа е првиот соборен сириски авион откако во април, сириските владини сили и нивните руски сојузници речиси секојдневно вршеја бомбардирање на покраината Идлиб и делови од соседните Алепо, Хама и Латакија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот