Бунтовничка група урнала воен авион на сириската влада во Идлиб

Борбени авиони / Фото: Профимедиа

Бунтовничка група урнала воен авион на сириската влада во провинцијата Идлиб, информираше Сириската опсерваторија за човекови права.

Просириската опозициска телевизиска станица „Ориент“ наведува дека авионот бил урнат над Кан Шејкун, град кој е под контрола на бунтовниците.

Сириските државни медиуми не известуваат за инцидентот, пренесе Ројтерс. Џихадистичката група Тарир ел Шам, соопшти дека го урнала авионот над Идлиб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот