Искршен постаментот на споменикот на Славко Јаневски

Фото: Слободен печат

Постаментот на споменикот на истакнатиот македонски романописец и поет Славко Јаневски, поставен во Жена – паркот, е уништен. Искршена е плочата со неговото име и одлепени се и паднати двете странични плочи на постаментот. Вандали го уништиле, па сега се чека да се најде некој надлежен да го поправи.

Споменикот, чиј автор е академик Томе Серафимовски, а е донација на фондацијата „Трифун Костовски“ при МАНУ, беше поставен во 2010 година, по повод 90- годишнината од раѓањето и 10-годишнината од смртта на Јаневски.

На споменикот писателот е прикажан како оди бос по трње, затоа што, како што објасни авторот Серафимовски при неговото поставување, патот на Јаневски бил таков – трнлив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот