Исфрлени голем број документи на главната улица во Ѓорче Петров

Непознати лица денеска во попладневните часови исфрлиле огромен број документи на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.

ЈП Комунална хигиена информира дека нивни екипи веднаш интервенирале на терен и ги подигнале расфрланите отпадоци што ќе бидат доставени до Инспекторатот на Градот Скопје, со цел навремено да се откријат и санкционираат прекршителите на Законот за јавна чистота.

– Апелираме до граѓаните на градот Скопје во овој период особено да внимаваат каде и на кој начин го одлагаат својот комунален отпад, затоа што со ваквите постапки значително се зголемува и ризикот од ширење заразни заболувања. Отпадот треба да се одлага уредно спакуван и исклучиво во поставените садови, а не во нивната околина или на други јавни површини, со цел да се спречи евентуалното создавање диви депонии. Само преку правилното постапување со отпадот, ќе го заштитиме сопственото и јавното здравје, порачува во пишана изјава директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје Абдусамед Шабани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот