Ирвинг има 36 милиони причини да остане во Бруклин

Кајри Ирвинг, кошаркарот на Бруклин нетс/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кајри Ирвинг одлучи да остане во екипата на Бруклин нетс и следната сезона иако во последните неколку дена медиумите шпекулираа дека ќе се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.

Ирвинг одлучи да ја искористи опцијата од договорот да го продолжи договорот со Бруклин нетс за следната сезона за што ќе заработи 36 милиони долари.

Според новинарот Адријан Војнаровски, Ирвинг се одлучил да остане во Бруклин и следната сезона бидејќи немале заинтересирани екипи за размена.

– Одлучив да ја активирам клаузулата од договорот и следната сезона да играм за Бруклин. Се гледаме наесен – напиша на својот профил на Твитер, Кајри Ирвинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот