Ирците согласни: Повеќе сакаат да работат од дома

Во Ирска само 15 проценти од работниците сакаат да се вратат во канцелариите и таму да продолжат со својата работа.

Повеќе од 80 отсто од вработените Ирци сакаат да продолжат да работат од дома и кога ќе се укинат ограничувањата воведени поради корона вирусот, покажува едно истфражување на јавното мислење во земјата.

Речиси 20 отсто од испитаниците пак би сакале да работат барем еден до два дена од дома.

Исто така, 20 отсто сакаат да продолжат да работат три до четири дена од дома, а 14 отсто од испитаниците рекле дека би дошле на работното место во текот на работната недела само доколку би имало потреба од тоа.

Други 15 проценти сакаат да се вратат во канцелариите и таму да продолжат со својата работа, покажува истражувањето на агенцијата АИБ/Амаракс, која истражувањето го спровела овој месец врз примерок од 1.000 испитаници.

Новата ирска Влада вети дека ќе преземе мерки за трајно зголемување на „работењето од дома“ вклучувајќи притоа данични олеснувања.

Препораките на ирската Влада да се продолжи со работа од дома секаде кеде што тоа е возможно, без оглед што земјата се подготвува за олеснување на рестриктивните мерки за ограничување на економските активности.

Со тоа Ирска настојува да промовира подобра рамнотежа меѓу работењето и приватниот живот, поголемо учество на жените во работењето и подобра регионална рамнотежа, наведува агенцијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот