Иранскиот генерал порача: САД не зборуваат за војна со Иран, бидејќи знаат колку се ранливи

Високиот офицер на иранската Револуционерна гарда вели дека регионалните воени бази на САД и нивниот носач на авиони во Персискиот залив се во домет на ирански прецизно поставени ракети.

– Американските сили во регионот беа закана, но тие се сега прилика за Иран. Тие не зборуваат за војна со Иран, бидејќи знаат колку се ранливи – порача командантот на воздушните сили на иранската гарда Амир Али Хаџизаде, пренесува Ројтерс.

Порано претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека го откажал воениот напад на Иран, бидејќи во тој напад би загинале околу 150 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот