ИНТЕРВЈУ Зијадин Села: Оптимален термин за избори е крајот на јули или почетокот на август

Вистинските националисти треба да се бараат во првиот парламентарен состав во 1991 година, кај сите тие политичари кои гласаа за Устав што имаше за цел да гради еднонационална држава во мултиетничка реалност. Ние само се браниме од ваков тип национализам.

„Прес конференција“ е насловот на неделното мега интервју со познати личности од сите области на јавниот живот. Од политиката, науката, културата, спортот, естрадата. Авторот на интервјуата Зоран Иванов, секоја среда на страници на весникот, за своите соговорници ќе дефинира лепеза прашања од интерес за најшироката читателска публика на Слободен печат.

Природно за Короната, се плашите ли, како се заштитувате, ваш впечаток за тоа како се справува државата?

Не, не се плашам им препорачувам на граѓаните да не се плашат бидејќи тоа би ја комплицирало нивната здравствена состојба креирајќи непотребни психози кај нив. Но, да, претпазлив сум како што треба и сите да бидат. Секој треба да ги почитува мерките за претпазливост и насоките кои се дадени од страна на СЗО и министерството за здравство. Социјалната дистанца е главниот и за жал засега едиствениот начин сега да се добие оваа битка се додека не се открие вакцина. Државата има проследено мерки кои се препорачуваат од старна на СЗО, а најзаслужни што ситуацијата е се уште под контрола се граѓаните кои се свесни за капацитетот на нашиот здравствен систем и се придржуваат кон препораките. Во неколку наврати владата без потреба  има создадено паника ад хок прогласувајќи полиоциски час, придонесувајќи за непотребно собирање на граѓаните пред маркетите за да купуваат храна и на таков  начин се ставаат во ризик и нивните животи и целокупната здравствена состојба во државата. Оваа криза не се решава со создавање паника, туку со смирени и добро анализирани одлуки. За жал, нашата  препорака за масовно тестирање на секое домаќинство владата не ја зема во предвид и на тој начин не го искористи адутот што го имаат  малите држави за полесно контролирање на болеста. Во РСМ нема повеќе од 600 илјади домаќинства и ние можевме со не повееќе од пет милиони евра да добиеме јасна слика за тоа кој се е заразен со Ковид-19 и одамна ќе немавме вонредна состојба и денес сите бизниси ќе беа отворени што значи полесно ќе ја пребродевме и економската криза. Наместо карантин и изолација за сите граѓани ќе имавме карантин само за заразените. Недостасува и финасиска помош за граѓаните. Дури сега таа се најавува паралелно со највата за брзи избори. Тоа не е помош туку поткуп. И за време на пандемија, за жал, се финансира партиска припадност, познанства и т.н. За жал, од страна на владата здравствената криза се гледа под лупа на изборите што не`очекуваат и затоа дебело ќе ја платиме и сметката од економските последици на Ковид-19.

Во врвот на партијата сте лекари, од аспект на Ковид 19, можнили се избори во јуни, јули?

Дa, во парво сте, во партијата има доста лекари. Ако зборуваме за од здравствен аспект избори ќе треба да се случат кога  конечно ќе се подобри сопстојбата со Ковид – 19, а кога тоа ќе биде не може никој да предвиди. Од друга страна, колку што е важна борбата против епидемијата, исто е важна и демократијата во нашата држава. Ние не треба да дозволиме да влеземе во тоталитаризам па затоа паралелно со оваа битка треба да организираме и избори. Без исклучок, досега сите експерти тврдат дека со висопките температури виртуелноста на вирусот паѓа па затоа мислам дека изборите треба да се случат во услови кога температурите во македонија ќе бидат високи. Има најави дека на есен ќе се случи нов бран епидемија со Ковид -19 па затоа не треба да се чека есен за да се одржат истите. Летото е една опција но протоа треба да имаме предвид дека Македонија е се уште незрела демократија па не може да си дозволи да одржи избори без присуство на меѓународната  набљудувачка мисија на ОБСЕ – ОДИХР, а предуслов за нивното присуство тука е отворањето на границите. Исто така, изборната листа треба да се корегира затоа што во меѓувреме со право на глас се стекнале и многу други граѓани кои наполниле 18 години. Имајчи го во предвид горенаведеното, ние како Алиојанса за Албанците мислиме дека крајот на Јули или почетокот на Август би било најоптимално време за избори.

27 април 2017, што досега не сте кажале, а што ве мачи, од кого или од што сте најразочарани, најповредени како човек?

Многу работи се кажани до крај но најразочаран и најповреден сум од фактот што човекот кој ме спаси на 27-ми април, господин Абдулфета Халими е осуден на 7 години затвор.

Можеби ќе одречете можеби не, но македонската јавност, Македонците посебно, ве доживуваат како етно националист, ви пречи ли тоа или ви годи за гласовите на избирачите Албанци?

За жал има многу предрасуди во нашето општество. Жртва на такви предрасуди донекаде сум и јас, а потпомогнато од разни партискли пропаганди во зависност од политичката ситуација. За волја на вистината не се сметам себе си за нациианлист и да, ми пречи таквото квалификување. Себеси повеќе се сметам за реален политичар кој доаѓа од редовите на албанската етничка заедница воМакедонија, заедница која заедно со низа други помали етнички заедници не се целосно рамноправни со  македонската  етничка заедница. Вистинските националисти треба  да се бараат во првиот парламентарен состав во 1991-ва година. Кај сите тие политичари кои гфласаа Устав кој имаше за цек да гради еднонационална држава во мултиетничка реалност. Логока која до ден денес произведува кризи цо Северна Република Mакедонија. Вистинските националисти треба да се бараат во првиот парламентарен состав во 1991-ва година кај сите тие политичари кои гласаа устав кој имаше за цел да гради еднонационална држава во мултиетничка реалност. Логика која до ден денес произведува кризи во  Република Северна Македонија. Ние само се браниме од ваков тип национализам.

Па, каква ја гледате Македонија денес, каква ја посакувате, ако ја посакувате, за 5, за 10 години, на пример?

Ако со „денес“ мислите и на кризата со Ковид-19, тогаш таа не се разликува од повеќето  земји на земјината топка, нормално со исклучоци. На пример, последни сме во регионов со он-лајн наставата, потоа грижата што во овие тешки времиња треба да ја покаже државата спема граѓаните, за нивните и здравствена и економски потреби, не постои. Први сме по смртност. 45 смртни случаи на еден милион жители. За разлика од другиот дел на светот, ние ја плаќаме и цената на транзитните политики и политичари кои државната каса овие години ја присвојуваа за лично богатење оставајќи зад себе руинирано и дезорганизирано здравство, образование, економија и т.н.

А надвор од кризата Македонија е држава која според свбетска банка има 27 % сиромашни граѓани, а дуро 35 % се на прагот на сиромаштијата што се заеднио не прави дежава во која 62 % од вкупниот број граѓани живеат во сиромаштија. Сега, акако последица на кризата оваа бројка е сигурно поголема. До ден денес имаме партизирано судство и судство кое одлуките ги носи според името и презимето кое го носиш, а не според кривичното дело што го имаш направено. Продолжува со монтирани политички случаи, а само мал дел се решени. И, никој од тие што ги монтирал овие процеси не одговарал и тоа е знак дека и во иднина ќе ни се повторуваат. Уставот продолжува да продуцира кризи признавајќи само еден народ.

А како ја посакувам? Во една реченица тоа би гласело вака: Само преку целосна рамноправност, деполитизирани и деетнизирани одлуки во судството, власт што поблиску до граѓаните што значи вистинска децентрализација на локалната власт и целосно интегрирање во западните институции и цивилизација ќе имаме прогрес, мир и иднина.

А каква верувате дека ќе биде, за каква Македонија ќе се залагате преку политиката?

Еднаква Македонија за сите, целосно интегрирана во НАТО и  ЕУ, со вистинска консенсуална демократија, со дводомен парламент без да се има потреба некој постојано да се ндгласува или мајоризира туку консенсусот да биде начинот на градење на нашата заедничка иднина, целосно децентрализирана локална власт и од аспект на фискална децентрализација, менаџирање со природните ресурси од страна на општините на целата нивна  територија, конкретно образование и здравство како во развиените земји, со конкретна економија и со ниска стапка на сиромаштија и невработеност.

Уставот на Република Северна Македонија, што таму ви пречи, што би одзеле, што би додале и зошто?

Заклучоците на многу експерти по уставно право тврдат дека поради многуте промени што се имаат случено во уставот на РСМ, треба да се донесе нов устав. А причините зошто толку се променил уставот ги објаснив погоре. Печи тоа што целиот устав е составен на таков начин што признава само една етничка заедница како конститутивен народ, а тоа особено се препознава кај амандманот 5 кој зборува за јазичните права, а каде што се спомнува само македонскиот јазик. Мислиме дека овој амандман ќе треба да се промени и освен македонскиот јазик и неговото писмо да се додаде и албанскиот јазик и неговото писмо. Ние Албанците за нашиот јазик не можеме да прифатиме да има дефиниција која никаде не го спомнува албанскиот јазик, ниту било каква друга дефиниција освен албански јазик. А зошто? Од истите причини поради кои некој на Mакедонците не им го признацва нивниот јазик. Не заборавајте дека врвот на потребите на секој поединец без разлика на етничката припадност е да биде признаен и прифатен како идентитет каков што тој се чувствува и како таков да се почитува за еднаков. За жал, освен што треба да ги решаваме проблемите со уставот, овде се продолжува со креирање на уставно зависни проблеми. Зборот ми е за Уставниот закон. И со последните промени на истиот како резултат на договорот со Грција кога на граѓаните со немакедонски ентитет во државјанството им се вметна во државјанството да им се пишува „Македонец/ граѓанин на Република Северна Македонија, а треба да стои замо името на државата. Еднаш за секогаш треба да се стави крај Албанците во РСМ да се сметаат за малцинство. Дефиницијата за малцинство не е нумеричка туку политичка. Една третина од вкупниот број на населението кое живее само во еден дел од државата каде што е мнозинство и кое има клучен дел за стабилноста и за мирот во државата, не може да се третира како малцинство.

Во однос на реалциите со Заев кој кого изневери, Села Зaev или Зaev Села?

Од политички аспект и од очекувањата што ги имав кога му дадов подршка за формирање на ново мнозинство, не можам да кажам дека сум изневерен. По изборите во 2016-та Алијанса за Албанците доби само тројца пратеници. Само со тројца пратеници ние успеавме да го условиме формирањето на новата власт со донесување нов закон за употреба на јазиците, нешто што ДУИ 15 години по ред не успеа да го донесе и тоа со апсолутна подршка на албанските гласачи. Државата доби јасна прозападна ориентација и денеска сме полноправна НАТО членка. Една од трите главни функции на државата зацртани во нашата програма за изборите во 2016-та годинасе исполни. Нашите главни политички цели беа заокружени со само тројца пратеници па затоа, од политички аспект, не се чувствувам изневерен. А од човечки аспект, одговорот му го оставам на Заев за тоа со што заслужив да работи против Алијансата за Албанците и директно против мене за локалните избори во 2017-та кога само неколку месеци пред тоа му ја спасив главата?!

Може ли кавгата со Касами да ве чини постизборна штета па пак да останете во опозиција?

Не сум имал било каква кавга со Касами, напротив, имаше понуда од моја страна за предизборна коалиција која, како што знае јавноста, тој ја одби и отиде во коалиција со СДСМ. Според мене греши бидејќи Албанците како заедниза уште не се реализирани во РСМ за некој од албанските политички партии прави предизборни коалиции со било која македонска политичка партија. Јас не гледам некоја суштинска разлика во политичките ставови во однос на албанските права било од страна на СДСМ било од страна на ВМРО. Ако некој мисли обратно, јас би имал едно прашање: Со чија режија се прабеа вработувањата во државната администрација пред дса почене изборната  кампања кога на стотици и повеќе Албанци им се земаше работното место што со устав им е гарантирано преку правична застапеност и им се даваше на Македонци само со една изјава дека се Албанци. А далио касами може да ни направи постизборна штета, тоа е во рацете на гласачите, а не во рацете на поединци.

Ако дозволувате нешто лично и малку невкусно, се има впечаток дека сте повеќе инатет отколку упорен, велат тоа не е најдобра црта за во политиката?

Погрешен вие впечатокот. Вистината е обратна од впечатокот што го имате. Не би сакал да ви кажам дека тоа е ваша предрасуда.

На времето се сепариравте од ДПА, ја ослабнавте таа партија, никогаш не се помирувате да бидете втор?

Не е тоа причината зошто се сепарирав од ДПА. Секогаш сум стоел на ставот дека незадоволствата во една политичка партија не треба да резултираат со отцепување од истата. Тоа не е здраво  за демократијата и за самата политичка партија на која и припаѓате. За волја на вистината јас не се одалечив од ДПА, но претседателот на ДПА си зема за право против статутарно да ме исклучи од партијата. Следуваше моето барање за внатрешни реформи и конгрес на кој ќе ги спротивставиме ставовите и на кој делегатите ќе решаваат за иднината на ДПА. Но, за жал, беше доцна. Демократското во ДПА беше одамна завршено па вистинското членство на ДПА немаше друг избор освен пом една година да формира нова партија. Инаку, немам никаков проблем да бидам втор, па и трерт, па и последен, важно ми е да се почиитува најважнбото правило во една политичка партија, а тѕоа е дека партиите не се сопствен имот на некој поединец, па макар бил тој и претседател на партијата.

Отогаш, падна ли барем некео кафе, чај со Мендух Тачи?

Не, никогаш!

Тешки сте за компромиси во политиката, а во животот?

Тешко ми е да зборувам во прво лице еднина па си правам компромиси за да одговорам на вашите прашања.

Во Струга на пример, сам издржавте само еден мандат, што се случи, ви откажаа граѓаните, имаше политички местенки или ве отпиша урбаната мафија?

Дел од одговорот ви го дадов кога ме прашавте за господинот Заев. Да, имаше политичка местенка и вопрвиот и во вториот круг. Во првиот круг сегашниот градоначалник на Струга дури не успеа да се палисира во вториот круг. Тука беше првата политичка  местенка помеѓу ДУИ и СДСМ. Поништија гласови на кандидатот на СДСМ и полнеа кутии за кандидатот на ДУИ да може да влезе во вториот круг. И во вториот круг имаше тешка манипулација со волјата на граѓаните. Целиот државен врв беше фокусиран во Струга за да се манипулираат изборите. Во чистите македонски села имаше полнење на кутии, па 15 минути пред да заврши гласањето успеаја да го превртат резултатот во нивна полза. За време на мојот мандат воспоставив ред во владеењето со општината од што загрозена беа, кој друг, туку од урбаната мафија кои, исто така, многу придонесоа во целата манипулација. Единствени кои не откажаа беа граѓаните.

Јавноста ве доживува и како чесен граѓанин и посебно како ретко чесенполитичар, но таквите како да немаат многу шанси во во политиката, коментар?

За жал, политиката на Балканот се доживува како нешто нечесно бидејќи низ годините таква ја правеле нечесните политичари. А и ние несвесно во секојдневието, при меѓусебните разговори помеѓу пријателите, само им го продолжуваме векот токму на таквите политичари зашто приказната за политиката ние попгрешна. Зборувајќи за тоа како политиката е нечесна, аморална и за лажговци и криминалци, несвесно само им го олеснуваме патот до победата токму на таквите политичари. Кога неморалното станува морално тогаш и проповедниците на етиката и моралот не гледаат ништо лошо ако гласаат за аморалот и нечесноста. Ние треба да ја смениме приказната за политиката. Таа е благородна и чесна и треба да ја водат благородни и чесни луѓе кои мислат за иднината и  за идните генерации.

Ако е можно без дипломатско ескивирње, са кого посакувате повеќе во влада, со Мицкоски или со Заев?

Без ескивирање. Јас сум претседател на една политичка партија која има платформа, статут и програма за владеење што им се нуди на граѓаните за гласање и  за давање подршка на истата. Во моментот кога тие ќеја легитимираат нашата програма и политичката платформа, од тој момент јас не сум Зиадин Села туку програмата и платформата кои имаат добиено подршка од граѓаните. Па затоа не е прашање со когојас посакувам влада, туку кој од нив е подготвен да ја прифати нашата програма и политичка платформа.

Каде е тука се уште моќната ДУИ и вие како Алијанса, ќе има ли место за заедно со ДУИ во иста влада?

Не би рекол се уште моќната ДУИ бидејќи според нашите анализи не излегува така. ДУИ, сега засега оди во опозиција, а имајќи предвид дека кај нив нема никаква идеологија, туку само клиентелизам, не верувам дека во опозиција ќе опстојат како политичка партија. Со ДУИ во опозиција кај албанското општество во Макеонија ќе се врати демократијата бидејќи 18 години живее во монизам. Во монизам затоа што никаква смисла нема демократијата без промена на партија која владее повеќе од два мандата. Не гледам можност за заедничка влада со ДУИ.

Во вашата партија сте доминатен авторитет од султански тип ли, исто како и лидерите на другите партии, точна е, погрешна е оваа констација?

Авторитетот се стекнува како резултат на тоа што сме и како се однесуваме. И не гледам ништо лошо за секој поединец што го има. А такви во Алијанса за Албанците, за среќа, ги има во голем број. Тоа, од султански тип, ви е погрешна констатацијата. Авторитет базиран врз взаемно почитување и доверба, да.

На времето баравте реформи во ДПА, какви реформи, по поинаков ли партискимодел е сега „спакувана“ вашата партија?

Направени се потребните реформи кои имаат за цел повеќе внатрешна демократија икои водат кон партија која е во интерес на грааѓаните, а не на поединци. Позицијата претседател на партијата е лимитирана на максимум два мандати.Па дури и при врвот на успехот, претседателот на партијата мора да замине од таа функција. Легитимни се и внатрешни фракции. Секој член на Централното собрание со 20% потписи од членовите на Централното собрание има право  да формира фракција и со самиот тој чин зазема место во Централното претседателство. Има и низа други реформи и тие се јавни и се содржано во стаутот на партијата.

Се што најавивте како партиска програма на Алијансата за Албанците АлиАхмети оствари, што остана за Зиадин Села?

Пак погрешна констатација. Единствено што Али Ахмети има остварено е разочараност кај Албанците, а тоа се гледа по многубројните млади Албанци кои ја напуштаат државата. Обратното, да. Во 2002-ра Ахмети ветуваше официјален албански јазик ама требаше Алијансата со само тројца пратеници да ја условува владата и  во 2017-та година да го донесе законот за службените  јазици. Исто така, излезе со констатција дека ниту една од најважните институции не се раководени од Албанец, а тоа го ветуваше во низа избори, ама дента кога се избираше претседател на собранието Албанец и кога се деблокираше интеграцијата во НАТО и ЕУ, кукавички не се појавија во собранието. Останати се многу недовршени работи за кои зборував погоре во интервјуто као што се уставот, вистинска децентрализација на локалната власт, реформи во администрацијата и закон за правична застапеност, како и образование, економски развој и т.н.

Вашата исклучивост за за постизборно коалицирање, а со оглед на габаритот на Алијансата, е рискантна, ќе го отстапите ли лидеството ако останете во опозиција?

Легитимитето на Алијансата за Албанците и мојот легитимитет како нејзин претседател не произлегуваат од волјата на некој си мандатар за креирање мнозинство, туку од подршката кај албанските гласачи. Така што, во случај да не ја добијам таа подршка да, ќе сносам одговорност пред органите на партијата.

Генералениот секретар на партијата Арбен Таравари изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е реформирана, навестувате ли победа на партијата на Груевски и Мицкоски?

Мислам дека таквата изјава на Генералниот секретар на партијата е извадена од контекст, а се додека има изјави дека таа албанска партија која сака да направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ мора да дава нешто од Албанците, не мислам дека кај неа било што реформирано. Изгледа така се научени од Ахмети, давај од Албанците и присвојувај за себе.

Пак, ВМРО-ДПМНЕ ли е вашиот партиски избор за постизборната коалиција?

Повторувам, било која партија која ќе ги прифати програмата и платформата на Алијансата за Албанците легитимирани со гласот на денот на изборите.

Таму, кај ВМРО-ДПМНЕ, се турка и ДУИ, ќе има ли место и за Алијансата на Албанците?

Имате погрешно мисење за Алијансата за Албанците. Ние никде не се туркаме, туку бараме легитимитет од албанските гласачи. Не заборавајте дека ние го формиравме мнозинството во 2017-та година и мислите ли дека не можевме по секоја цена да бидеме дел од власта? Ние одлучивме да ја напуштиме таа власт. Репер за однесување на албанските политички партии не се ДУИ, тие се туркаат секаде и по секоја цена..

Бидејќи не го прифативте Ахмети за „сеалбански“ шеф во Македонија, точно ли е дек вие бевте иницијаторот за фамозната „платформска“ сеанса кај Еди Рама?

Идејата за седнување на сите албански парламентарни политички партии на една маса по секои избори да, тоа е моја идеја и на Алијанса за Албанците и тоа можевте да го гледате како мое ветување во целата кампања за време на изборите во 2016-та година. Овој политички инструмент има за цел да и стави крај на политичката  игра што ја воведе Груевски кога една албанска политичка партија ја земаше во власта, а другата седеше до врата за уцена со промена на коалицискиот партнер и успеваше да ја држи ДУИ во власта само фигуративно без да исполни ниту едно изборно ветување на ДУИ пред Албанците. Единствени кои губеа во таквата ситуација беа Албанците.

Блерим Река, политички го афирмиравте во Македонија го извезовте какоминистески кадар на Косово, поракатае е „еден албански простор“, сегмент одтиранска платформа или?

Многу е лошо кога се мисли дека некој први кадри, извезува, афирмира, контролира туѓи животи и т.н. Господинот Река е универзитетски професор и нема потреба некој да го извезува. Активен е во политичкиот живот во Косово многу време пред да се потпише „Договорот за соработка помеѓу албанските политички партии“, а не „Тиранската платформа“ како што тврдите вие. Мандаторот во Косово одлучи да го има во неговиот кабинет и тој прифати. Крај на приказната.

Што стои меѓу „Едно општество за сите“ на Зоран Заев и „Една држава за сите“на Блерим Река?

„Едно општество за сите“ е манипулативен слоган. Општеството во РСМ е мултиетничко и мултикултурно и е за сите, го сакал тоа некој или не го сакал. Тоа ти е исто како да кажуваш еден свет за сите. Да, ама во светот има и Американци и Етиопјани. Или Европа за сите. Да, ама постои Европа каде што ние географски припаѓаме, а постои и Европска Унија каде што не припаѓаме. Постои општетво во Македонија кое е за сите ама постои и држава која за некого е повеќе за некого помалку. За време на ова негово владеење тој слоган се покажа дека е манипулативен кога на малите Албанчиња во Идризово и во Чашка не им се дозволува да учат на албански јазик. Кога Албанците од Блаце секој ден ја поминуваат границата за Косово поради тоа што немаат училиште во нивното село. Кога господин Заев им дозволува на Македонците само со една изјава декларативно да се изјаснат за Албанци, Турци, Роми и т.н.и да им и го земе нивното работно место гарантирано со  устав, а обратното не се случува.

„Држава за сите“ е реален слоган. Правна држава за сите, без разлика дали си премиер, министер, пратеник или претседател на партија или на држава, бивш или сегашен. Исти услови за образование, за здравство и за економски развој без разлика на етничката припадност. Еднаш за секогаш да се стави крај на јазичната и на етничката дискриминација и т.н.

Што како имот ви остана од градоначалничкиот мандат, кафуле, плажа, …?

Па ни едно, ни друго, а ни трето.

Приватно, што ве радува, што ве натажува во секојдневието?

Фамилијата, моите деца, другарите исто така, а истите се и причина и за мојата тага кога  размислувам колку малку сум присутен со нив поради работата и обврските што ги имам.

Како гледате на идентитетот на Македонците, до кога на таа тема ќе имаме проблеми со соседите?

Гледам како на идентитет на секое човечко суштество. Идентитетот е право на избор, секој е тоа како што се чувствува и тоа треба да се почитува. Македонскиот идентитет последните години политички е злоупотребуван од страна на некои македонски политички партии што придонесувало за раздор помеѓу самите Македонци делејќи се на Антички и Словени, а тоа е ризично во поглед на внатрешната кохезија од една страна, а од друга создава лоши односи и со соседите. За среќа се реши проблемот со соседна Грција, а се надевам дека ќе се најде решение и со Бугарија согласно договорот за добрососедство.Мислам е дојдено време соседите освен што се договараат за добрососедство и да се признаваат меѓусебе како соседи со име, со презиме и со јазик. Само преку признавање на различното може да се направи дистинкција меѓу оние кои те сметаат за сличен што верувам дека е тоа се уште проблемот со Бугарија. А за тоа треба храброст и храбри политичари од двете страни кои ќе го признаваат бугарското малцинство во РСМ и македонското малцинство во Бугарија. Како што и Македонците треба да ги запознаат и Албанците во РСМ како Албанци и со албански јазик, а не со јазик што го зборуваат 20% од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик.

Има ли другарство во политичките води, имате ли другари онака баш другари припадници на сопернички политички партии?

Има дружење како што има во животот и во секоја негова област. И политиката е дел од тоа. Има и другарство и токму другарството е тоа што не ја дели политичката припадност и што не треба да ја дели.

Прогноза: Заев Мицкоски или некој трете ќе ја води идната влада?

Тоа е прашање за аналитичари, а јас не правам анализи туку водам политичка партија која конкурира да ги добие изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот