„Интересен избор на зборови“: Меган Маркл со својот говор го „испровоцира“ кралското семејство

меган маркл
Меган Маркл и принцот Хари / Фото: EPA-EFE

Средбата на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл со членовите на кралското семејство и фактот дека се во Европа за првпат по две години предизвика бројни реакции во јавноста, особено по говорот на Маркл на отворањето на „Invictus Games“ во Хаг, Холандија.

Како што пишуваат британските медиуми, парот тајно ја посетил кралицата Елизабета Втора пред да пристигне во Холандија, додека Чарлс одвоил само 15 минути. Постариот брат на Хари, принцот Вилијам, во тој момент бил со своето семејство во француски ски-центар, па вешто избегнал непријатна средба.

меган маркл
Меган Маркл и Принц Хари / Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Меган, која со својот сопруг на почетокот на 2020 година се повлекоа од кралското семејство, веројатно „заборави“ дека се повлекоа и од кралските должности.

„Ви благодарам за вашата служба и им благодарам на вашите семејства и пријатели кои се тука да ве поддржат на тој пат. Затоа што ова е служба, ова е преданост и ова е семејството Инвиктус“, истакнала Меган откако му се придружила на нејзиниот сопруг на сцената и го бакна.

меган маркл
Меган Маркл и принцот Хари / Фото: EPA-EFE/Mischa Schoemaker/

Инаку, минатата година по повлекувањето на двојката од кралскиот живот, кралицата потврди дека нема да „продолжат со обврските и должностите поврзани со јавната служба“.

Војводите од Сасекс потоа се преселија во САД каде што живеат со нивниот син Арчи и ќерката Лилибет. Секако, зборовите на Меган, особено спомнувањето „служба“, наиде на бројни реакции.

меган маркл
Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/Koen van Weel

Ингрид Севард, уредничка на магазинот „Majesty“ го нарече говорот на Меган „интересен избор на зборови“.

„Тоа е предизвикувачка реченица и можеби малку провокативна. И тоа дефинитивно носи одредени инсинуации“, додала таа.

 

Повеќе на темата:

 

Протекоа детали од средбата во Лондон: Принцот Чарлс одвоил само 15 минути за Хари и Меган

 

ФОТО | „Сите погледи вперени во неа“: Меган Маркл блеска во луксузни стајлинзи во Хаг

 

ФОТО+ВИДЕО | Меган Маркл го воодушеви светот: Го соблече скапоцениот капут од себе и изненади мајка со бебе во прегратките

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот