Инспекторот кој беше под истрага за стампедото во Сеул пронајден мртов во неговиот дом

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Висок јужнокорејски полициски инспектор, кој беше под истрага поради стампедото во Сеул на Ноќта на вештерките, е пронајден мртов во својот дом.

Како што јави Си-Ен-Ен, јужнокорејската полиција соопшти дека безживотното тело на инспекторот го пронашло неговото семејство денеска во 12:45 часот по локално време. Полицијата соопшти дека ги истражува околностите на смртта.

Веста за неговата смрт доаѓа откако истражителите упаднаа во канцелариите на полициската станица во округот Јонгсан. Станува збор за полициска станица задолжена за надзор на ноќниот живот во Итаевон, каде што се случи трагедијата на Ноќта на вештерките.

Стампедото се случи во област со многу тесни улички, а очевидци велат дека гужвата на улиците кои се широки не повеќе од четири метри била толку голема што го отежнувале движењето и дишењето. Во јавноста се појавија информации дека граѓаните пријавиле во полиција за се поголемата гужва луѓе, неколку часа пред да се забележат првите смртни случаи.

Во стампедо во Сеул загинаа 154 луѓе во преполната област со ноќен живот во областа Итаевон. Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол прогласи национална жалост и изрази сочувство за жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените. „Ова е навистина трагично. Трагедија и катастрофа што не требаше да се случи синоќа се случија во срцето на Сеул“, рече тој во изјавата.

Толпата која славеше во популарната населба Итаевон се прелеа во уличка во саботата вечерта, соопштија официјални лица. Дополнителни 76 лица се повредени во случајот, изјави началникот на противпожарната станица Јонгсан Чои Сунг-беом на брифинг на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот