Инспекторите на Град Скопје уловија палачи на кабли под скопското Кале (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Град Скопје

Град Скопје на Фејсбук ги информираше граѓаните дека нивните инспектори затекнале луѓе кои палат кабли на просторот под скопското Кале.

„Тие го напуштија местото, но го заборавија автомобилот“, стои во објавата на Град Скопје.

Главниот инспектор на Град Скопје Мирослав Богдановски за МИА изјави дека тие се фатени и санкционирани.

-Екипите на Инспекторатот на Град Скопје лоцираа лица кои вршеа спалување на кабли. Истите се дадоа во бегство при што нивното возило беше оставено. Во координација со МВР лицата се фатени и се санкционирани. Нема компромис и милост во борбата за чист воздух, се наведува во Фејсбук-објавата на Инспекторатот на Град Скопје.

Градските власти дополнително апелираа до граѓаните да пријавуваат огнови на отворено на бројот 193.

Инаку, ова не е прв случај градските инспектори да уловат несовесни граѓани и да ги објават на социјалната мрежа Фејсбук.

Градските инспектори тукушто затекнаа палачи на кабли на просторот под кале. Тие го напуштија местото, но го заборавија автомобилот.Пријавувајте огнови на отворено на 193!

Publiée par Град Скопје sur Vendredi 31 janvier 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот