Инфлуенсерите и туристите „полудеа“ по скалите од филмот „Џокер“!

Фотографија: Profimedia

Популарноста на филмот „Џокер“ е огромна и изразена на повеќе начини, а еден од нив е и популарноста на скалите на кои Хоакин Феникс како Артур Флекс играше во една од сцените. Со #JokerStairs на друштвените мрежи може да се најдат илјадници фотографии и видеа кои туристите и инфлуенсерите ги снимаат токму на тие скали кои се наоѓаат во јужен Бронкс.

Режисерот Тод Филипс барал скали кои ќе ја покажуваат безнадежноста на животот во 80-те години во Њујорк и ги пронашол во една сцена од филмот „Американски гангстер“. Кога ги пронашле токму тие скали, сфатиле дека тие во меѓувреме се поправани и „нашминкани“, па тргнал во потрага по друга локација. Ги барал и ги пронашол во Бронкс, за после премиерата на филмот тие скали станат преполни со туристи кои сакаат да се фотографираат на нив. Тие скали станале толку популарни што ги споредуваат со скалите во Филаделфија по кои трчаше Силвестер Сталоне во филмот „Роки“.

View this post on Instagram

We are all Clowns ? #Jokerstairs #Joker #JoaquinPheonix

A post shared by Sandra (@sleepysandra_) on

Единствени кои не се среќни се соседите кои живеат во околните згради. Нивниот мир сега е нарушен поради галамата од туристите, а единствено што им се допаѓа е тоа што скалите до неодамна биле валкани и полни со отпадоци, а сега градските служби ги чистат почесто него било кога.

View this post on Instagram

?? @jokermovie @toddphillips1

A post shared by Ray H. Mercado (@raylivez) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот