Имам во Малме го забрани шведското знаме

Стокхолм. Шведска/ Фото: Архива на Слободен печат

Имамот Басем Махмуд, кој служи во делот на Малме каде живеат мигранти, го забрани шведското знаме.

Според шведскиот весник „Експресен”, причината е затоа што на шведското знаме има крст, односно симбол на христијанството, за кој имамот вели дека е „несоодветен”.

Махмуд исто така изрази незадоволство од студентите кои ја прославија својата матура веејќи знамиња.

„На оние што носат крстови ќе им биде ускратена молитвата, бидејќи сметаме дека овие луѓе се целосни еретици. Ако некој носи крст на облеката без да го забележи, му наредуваме да го тргне. Секогаш кога пророк ќе виде крст на облеката или такво нешто, тој би го уништил”, рече Махмуд за време на службата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот