Има само еден услов: Ирска дава 80.000 евра да се преселите на изолиран остров

Фото: Wikimedia

Ирска сака да го зголеми бројот на жители во изолираните заедници и острови, за чија цел го започна проектот „Нашите живи острови“, пишува „Еуроњус“ (Euronews).

Преку овој проект, на сите заинтересирани им се нуди сума од 80.000 евра, доколку решат да се преселат на некој од оддалечените острови.

Понудени се 30 острови, но ниту еден не е поврзан преку мостови со копното. Дарежливата поддршка од 80.000 евра, на новите жители нема да им приушти удобен живот, туку ќе мора да ја искористат за обновување на зградите на земјиштето, како што се работите за изолација, структурни подобрувања и преуредување.

Оваа кампања започнува на 1 јули, а за да се исполнат критериумите, потенцијалните жители мора да купат и поседуваат имот на еден од островите. Зградата мора да биде изградена пред 1993 година и да е напуштена, најмалку две години.

Владата на Ирска вели дека, целта на оваа кампања е да се осигура дека одржливите, енергични заедници можат да продолжат да живеат и да напредуваат на оддалечените острови уште многу години.

Ако се занемарат сите предизвици, заинтересираните со овие средства би спасиле многу имоти од пропаст, трансформирјќи ги во куќи од соништата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот