Има баркод за секој дел од светот: Познат генетичар откри непознати детали за коронавирусот

Фото: EPA

Експерт за генетика открил дека коронавирусот во Велика Британија бил широко распространет на почетокот на епидемијата и дека недостатокот на превентивни мерки го оневозможил неговото ширење.

Д-р Кари Стефансон е еден од водечките светски експерти во својата област, а спроведува студија на Исланд за генетски да ја истражи секоја коронавирусна инфекција на земјата. Целта е да се истражи на кој начин вирусот ќе мутира и ќе ја спроведува заразата.

Неговата компанија „deCODE Genetics“ основана пред 25 години во Рејкјавик, чува голема база на податоци на повеќе од половина генетски компоненти на исландската популација.

Генетскиот материјал се проучува за да се истражат генетски компоненти на болеста. Сега фокусот е на Ковид-19.

Професорот Стефансон рекол дека секвенционирањето на вирусот покажува од каде потекнува инфекцијата.

– Значи, вирусот сега има бар-код за секој дел од светот. Постои збир на мутации кои се релативно карактеристични за Австрија, други за Италија, како и за Велика Британија и за Америка, вели Стефансон.

Професорот вели дека во почетокот речиси сите случаи на Исланд биле увезени од Алпите од луѓе кои биле на скијање во Австрија и Италија.

– Владата пробуваше да го запре ширењето на вирусот, но за тоа време вирусот влезе во земјата од луѓе од сите земји, а најистакната е Велика Британија. Вирусот таму имаше широка распространетост, вели професорот Стефансон и додава како земјите како Велика Британија и Америка не биле доволно внимателни од самиот почеток на пандемијата.

Исланд веќе тестираше поголем процент на жителите отколку било која друга држава. Околу 45.000 луѓе се тестирале во земјата со 460.000 жители.

Докторот истакнува дека масовно тестирање е единствен начин да се утврди колку вирусот се раширил меѓу популацијата. Тој сугерира дека Велика Британија и САД не биле доволно будни и не реагирале на време.

– Интересно е како различни луѓе различно реагираат на вирусот, некои ги исполнуваат симптомите на настинка, а други завршуваат на одделение за интензивна нега, рекол Стефансон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот