Илон Маск донираше повеќе од 1.200 респиратори за болниците во Калифорнија

Илон Маск / Фото: EPA/PETER FOLEY

Илон Маск, сопственик на автoмобилската компанија „Тесла“ и „СпејсЕкс“ откупил повеќе од 1.200 респиратори, апарати за механичка вентилација на бели дробови, за државата Калифорнија.

Ова синоќа го кажа гувернерот на сојузната држава, Гавин Њусом.

– Тие се веќе испорачани во Лос Анџелес. Тоа е херојска постапка – изјави гувернерот.

Како што потоа појасни Маск, не се работи за апарати произведени од неговата компанија, туку за 1.255 респиратори откупени од разни производители во Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на прес по повод борбата со коронавирусот изјави дека Фејсбук и други технолошки компании ќе донираат вакви апарати „таму каде што е најпотребно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот