ИХФ: Кузмановски, Манасков и Митревски клучни играчи за Македонија на СП 2023

фото: Слободен печат - Драган Митрески

Се ближи стартот на Светското ракометно првенство во Полска и Шведска кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 година. Македонската сениорска репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров ќе игра во Таурон Арената во Краков (Полска) во групата „Ф“ со Норвешка, Холандија и Аргентина.

Светската ракометна федерација (ИХФ) веќе ги промовира учесниците на Мундијалот, а на ред дојде да биде претставена и нашата селекција. Во објавата се вели дека клучни на СП од македонската репрезентација се очекува да бидат левиот бек Филип Кузмановски, левото крило Дејан Манасков и голманот Никола Митревски.

Нова зора за машката сениорска репрезентација на Македонија предводена од нејзиниот најдобар стрелец, легендата Кирил Лазаров. Недостатокот на искуство можеше да биде проблем, но за играч со таква славна кариера, сè помина совршено – и покрај огромниот притисок што беше направен врз него иако ги правеше само првите чекори. За да се квалификува за СП 2023, Македонија мораше да помине две пречки, победувајќи со вкупни 52:46 против Романија и вкупни 51:49 против Чешка.

Во овие баражи Лазаров и натаму беше активен како играч. Повеќе нема да биде на теренот откако ја претставуваше својата држава на седум светски првенства. Неговото повлекување сигнализираше нов почеток за Македонија, со многу свежи лица кои се појавија во составот во текот на минатата година. Лазаров почнува да гради нов тим кој може да ги подобри перформансите.

Неколку искусни играчи сè уште се срцето и душата на тимот, а во тимот се враќа левото крило Манасков. Воедно, голманот Митревски додава друга димензија на тимот. Ќе недостасува пивотот Стојанче Стоилов, особено во одбраната, со тоа што поранешниот капитен на националниот тим се пензионира откако помогна да се квалификуваме за следното СП.

Македонија е присутна на Мундијалите во изминатата деценија, а претстојниот ќе биде нејзиниот шести последователен. Настапот на СП Египет 2021 година беше за заборав. Дојдовме како замена за Чешка која се откажа поради ковид случаи. Го имавме најлошиот резултат во историјата, завршувајќи на 23 место, а најдобриот пласман го имавме во 2015 година кога бевме на деветтата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот