Игор уште го нема во нејзина близина, но Северина сепак ужива во добро вино и во добро друштво

Фото: Инстаграм

Северина Којиќ одлучила викендов да го помине со добро друштво на Истра.

„Имам мал круг големи луѓе…“ напиша пејачката во опис на фотографијата на која позира со група пријатели на Истра.

Освен нејзиниот менаџер Томица Петровиќ, на сликата меѓу другите се и нејзиниот пиар Давор Гргин и братучетката на Северина Миа Поповиќ.

Неодамна нејзиниот сопруг Игор Којиќ објави фотографија и откри дека ужива во летување во Хрватска со внуката. Иако бил во Хрватска не објави фотографија со Северина, а ни таа со него, а не е познато ни дали се виделе.

Instagram

Според гласините што се шират на социјалните мрежи Игор и Северина не се виделе неколку месеци, откако таа се врати во Загреб од Белград. Останува да видиме во која насока ќе се движи нивниот однос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот