Идентификувано момчето кое пукаше со калашников на „ТикТок“ (ВИДЕО)

Полицијата го лоцираше и индентификуваше лицето кое пред неколку денови пукаше со калашников и видеото го објави на социјалната мрежа „ТикТок“.

Станува збор за 18-годишен арачиновец, во чиј дом, полициски екипи извршиле претрес. Тој бил однесен во станица, но поради тоа што истрагата е во тек, од МВР не откриваат чија сопственост е оружјето кое се гледа на снимката.

-Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје при Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје извршија претрес во дом и други простории на Е.А. (18) од Арачиново, скопско, кој на социјалната мрежа „Тик ток“ постирал видео како пука со автоматско оружје. Извршен е разговор со Е.А. во полициска станица и се работи на расчистување и документирање на случајот- велат од МВР за „А1он“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот