Идентификувани 16 навивачи кои скандираа „мртов шиптар, добар шиптар“, повикани се на раcпит во станица

Оваа недела беа забележани два инциденти со групи кои скандираа пароли со говор на омраза кон Албанците. Вториот случај беше забележан вчера во Ѓорче Петров, за што на социјалните мрежи беше објавено и видео на кое се слушаат скандирањата.

Како што може да се види на видеото, додека поминува свадбена поворка со албански знамиња, група млади момчиња скандираа навредливи пароли по што неколку мажи од поворката се упатуваат кон нив. Од видеото не се забележува дека доаѓа до поголем инцидент.

Од МВР велат дека од овој настан досега се идентификувани 16 лица. Инволвираните се повикуваат на разговор, а најавуваат и кривични пријави. Претходниот викенд, пак, беше забележан другиот случај. И тогаш се скандираа истите пароли од навивачка група која поминуваше по плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Станува збор за два случаи за што ќе бидат поднесени кривични пријави. Се утврдуваат идентитетите на учесниците, се повикуваат на разговор, се извршуваат разговори со нив. Конкретно за вчерашниот случај утврден е идентитетот на 16 лица и се преземаат сите дополнителни активности со цел да се расчисти случајот- изјави денеска Сузана Праниќ -Талевска од Секторот за односи со јавност при МВР.

Таа порача дека Министерството ќе има нулта толеранција за ваквите случаи.

Денеска во Ѓорче ечеше „Мртов шиптар, добар шиптар“ (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот