ИБРА: Четири години чекав за одмазда – еве како му одговори Матераци! (ФОТО)

фото:твитер

Шведскиот интернационалец во интервјуто за „GQ“ се потсети на времето кога го испрати Матераци чекајќи четири години да се одмази поради еден груб прекршок во 2006. година.

– Чекав четири години со таеквондо удар да го испратам Марко Матераци во болница – рече Ибрахимовиќ.

Матераци објави фотографија од победничкиот тим во сезоната 2009/10, со капитенот Хавиер Занети кој го држи трофејот во ЛШ.

Еден од хероите на „неро-аѕурите“ саркастично му одговори на Ибра.

– Дојдов…видов…освоив (започна во стилот на Златан). Ти благодарам Ибра, со тебе никогаш не би освоиле титула во Лигата на шампионите – беа зборовите на Матераци на „Инстаграм“.

Ибрахимовиќ се пресели во Барселона летото пред Интер да ја освои титулата во ЛШ, единствена што му недостасува во кариерата на Швеѓанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот