И Народниот правобранител ја има перцепцијата на граѓаните дека луѓето од социјалните служби си играат богови – институционално се кршат човековите права

Во време на предизбори се важни човековите права, бидејќи токму во овој период тие повеќе се кршат. За тоа колку беше распространето прекршувањето на ова право, каки други теми поврзани со работата на Народниот правобранител (НП) во „Утрински брифинг“ на „Слобедна ТВ“, гостуваше Васка Бајрамовска – Мустафа, заменик народен правобранител.

-Секако дека човековите права заземаат многу важно место и имаат важна улога во развојот на секое општество. Во таа насока можам да кажам дека не само во изборниот процес, напротив, човековите права треба да го заземаат своето место во секој ден од годината, особено во предизборието – тогаш кога доаѓа до израз едно од човековите права – правото на избор- вели Бајрамовска – Мустафа.

Знаете дека и Народниот правобранител со внимание ги следи и изборните процеси, вели Бајрамова, особено можностите граѓаните да ги остварат своите права.

-Во тој контекст не случајно алармиравме за повредите и неможноста на голем број лица да го остварат ова право, поради што бараше измена на изборниот закон. Измените кои што сега стапија во сила, се во корист на граѓаните и во голема мера очекуваме од нив да овозможат поинаква сила од досегашните избори. Како и да е, ние како институција сме отворени пред, за и после изборите- вели Бајрамова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот