И Федерер знаел да испие чашка повеќе: Три и пол дена ми требаа да се закрепнам по триумфот на УС опен во 2008 година

Рожер Федерер/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер минатата недела го шокира светот со објавата дека Лејвер Купот што ќе се игра неделава, ќе му биде последно натпреварување и ќе замине во пензија.

Швајцарецот ќе си замине во пензија со 103 освоени титули, од кои 20 се гренд слем и за многумина Федерер е најдобриот тенисер во историјата. Неговите ривалства со Рафдаел Надал и Новак Ѓоковиќ ги направи сите нив, најдобра тенисерка тројка на сите времиња, а иако во целата своја кариера ретко оставаше впечаток дека е човек од крв и месо.

Одлучниот и цврст став на терените и надвор од нив, го ширеа митот за ледениот човек без емоции кој знаеше да пушти некоја солза во моментите на најголеми радости или порази.

Сепак, и во таков свет остануваат некои тајни, кои како што се приближува крајот полека излегуваат на површина и Федерер во едно интервју призна дека и тој знае да испие чашка алкохол, па дури еднаш и се опијанил.

– Пијам само вода. Јас сум член на старата гарда, никогаш не сум бил на диета, иако сакав да славам победи со чаша добро шампањско. Еднаш дури се опијанив. Тоа беше по освојувањето на УС Опен во 2008 година. Ми требаа три и пол дена да закрепнам. Турнирот заврши во неделата навечер, а јас се опоравив дури во четвртокок – изјави Федерер во интервју за италијанска „Газета“ во 2019 година.

Потоа откри тоа не му било едиствено пијанство.

– Шанкот требаше да се затвори и потоа нарачавме пијалоци однапред за неколку часа. Доцна сфативме дека нарачавме премногу”. По титулата на Вимблдон во 2017 година, само ми одѕвонуваше во главата, не се сеќавам што правевме после вечерата. Веројатно испив неколку различни видови пијалоци. Отидовме во кафуле потоа со 30- 40 другари и убаво си поминавме, легнав околу пет наутро и не се чувствував баш добро – заклучи Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот