И Џенифер Лопез е ИСТА КАКО НАС кога е без шминка и тазе „неизбањата“! Јееее!

Profimedia

За возраста, 50-годишна, изгледа ТОП. Ама, ајде малку да се утешиме дека и Џеј Ло е, всушност, иста како нас, кога не „носи“ шминки и кога се капела минатата сабота.

Пејачката и глумица е „уловена“ на њујоршките улици, облечена во сини хеланки со ефект на кожа (кои баш и не и „стојат“ нешто посебно), и црн дускер од Guess. Под дускерот – жолта маичка, од типот на оние кои и ние си ги носиме „за по дома“.

Косата? Умно собрана во високо опавче, зашто – зејтин мрсна, што би се рекло, јајца да испржиш. А, лицето, без шминка, изгледа многу уморно.

До тука, се е добро, кога е во прашање нашата утеха дека и Џенифер Лопез е иста како нас!

Ама без нејзиниот паричник, сепак, не сме Џенифер Лопез.

Profimedia
Џенифер Лопез
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот