Хуавеј потпиша 50 договори за развој на 5G мрежата, најмногу во Европа

Кинескиот гигант Хуавеј потпиша повеќе од 50 договори за развој на 5G мрежа, изјави од Брисел потпретседателката на компанијата, Кетрин Чен.

Од околу 50 договори, вкупно од нив или 28 се поврзани со Европа.

Претходно во овој месец, компанијата најави инвестиција во Италија вредна 3,1 милијарди долари.

Извештајот на Хуавеј за потпишувањето на договорот следеше откако САД одлучи да ги ублажи санкциите на кинескиот гигант.

Меѓутоа, официјален Вашингтон останува одлучен во тоа дека дозволувањето на Хуавеј да ја развива 5G мрежата во САД претставува ризик за националната безбедност.

Кинескиот технолошки гигант соопшти дека е подготвен да потпише договор за „не шпионирање“ со секоја од земјите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот