Хрватските компании „обезглавени“, нема директори ни за лек!

Дубровник, Хрватска Фото: Wikimedia commons

Верувале или не, на компаниите во Хрватска им е се потешко да најдат директори, а не само обични работници. Тоа го покажуваат бројните јавни тендери со кои се бараат луѓе за директорски позиции низ Хрватска.

Една компанија моментално бара дури шест директори. Станува збор за туристичката компанија „Сунчани Хвар“, која бара директори кои би го воделе бизнисот со ресторани и хотели. За ресторанскиот бизнис на директорите им нудат почетна бруто плата од 1.795 евра, а за хотелиерството платата е 1.750 евра бруто. Меѓу барањата доволни се средно образование и една или три години работно искуство. Aква Маринертајм од Дугопоље бара директор за продажба и нуди почетна бруто плата од 1.405 евра.

Условот е високо образование и 10 години работно искуство. Загрепската компанија Перскрипта, пак, бара директор, односно директор за финансии и сметководство и нуди бруто плата од 1.690 евра. Условот е 15 години работно искуство. По директори бараат и неколку фирми од северот на земјава, но не ги соопштија платите што им ги нудат на нивните идни менаџери, објави Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот