Хрватските фармери тврдат: Дури две третини од свинското месо ќе бидат увозни!

Свинска чума/Фото: МИА

Хрватска на почетокот на оваа година имала вкупно околу 945.000 свињи, што е за речиси 10 отсто или за околу 88.000 свињи помалку од почетокот на 2021 година. Хрватска е меѓу најлошите земји во Европската унија во однос на производството на свинско месо. Самодоволноста во производството на свинско месо во ЕУ е 125 отсто, додека во Хрватска лани била само 55 отсто, покажуваат податоците на Евростат. Годинава самодоволноста ќе биде значително помала поради африканската свинска чума. Се проценува дека ќе треба да увезуваме многу повеќе од 50 проценти од годишната потрошувачка.

„Проценуваме дека дополнителниот пад на производството оваа година ќе изнесува 20 отсто и дека самодоволноста на Хрватска од 50 отсто ќе се намали на околу 35 отсто“, изјави за ХТВ Крешимир Кутеровац, претседател на Здружението на производители на свињи. Во декември производителите очекуваат поскапување на свинското месо, особено на прасечкото. Големопродажната цена на прасињата во месната индустрија на крајот на октомври беше приближно 6 евра за килограм, а пониска беше на сточарските саеми. Малите производители од Подравина предвидуваат дека веќе во декември цената на прасињата ќе поскапи за 30 отсто. Тоа значи дека за 20 килограми цицалче наскоро треба да платите од 120 до 140 евра, пишува Даница хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот