Денеска во попладневните часови на социјалните мрежи во Хрватска почнаа да се шири фотографија од жени како чекаат да влезат во дуќанот на Зара во трговски центар, а коментарите беа негативни и главно потсетуваат дека слични глетки се забележани од Загреб до Сплит.
Некои од корисниците на социјалните мрежи се револтирани што кафулињата, рестораните и теретаните се затворени, додека во шопинг – центрите се дозволува вакво однесување, а на другите им беше смешно како незгодно се споиле зборовите Зара и жени, пишува Индекс.хр.
Меѓу оние кои не се сомневаат во автентичноста на фотографиите е пратеникот Хрвоје Зекановиќ.
„А ни кафе не можеме да испиеме… Да го слушнам вашиот коментар“, напиша тој по што следувале лавина коментари меѓу кои имало и од оние кои жените ги споредувале со овци.
Некои на пратеникот му поставиле прашање дека таа иста фотографија се појавува и на некои српските портали, а одговорот е дека е сликана во Белград, а некој во фотошоп ги споил зборовите „Зара“ и „жене“ и добил кованица „Заражене“.
Poslaše mi sliku: https://t.co/OFPaW6zEpd pic.twitter.com/Xil4aKblPj
— Miroslav Petrović (@Mikenziyu) November 27, 2020
Без разлика што конкретната фотографија е од Белградски трговски центар, вечерва слично беше и во Загреб, во Арена каде поради големите попусти за Блек Фрајдеј пред продавниците имало многу купувачи, но сепак не во претеран број со оглед на епудемиолошката состојба во Хрватска.