Храна за подобро помнење

Јадете умерено и избегнувајте да се прејадувате. Во текот на денот имајте повеќе обраци, но во помали колични. Ужината е задолжителна.

Јадете храна богата со антиоксиданти. Боровинките, брокулата, морковот, грејпфрутот, јаболкото, треба секојдневно да се застапени во исхраната. Во чинијата секогаш комбинирајте повеќе бои: црвена (цвекло, домат, црвена пиперка), жолта (компир, карфиол, боранија), зелена (зелка, брокула, спанаќ).

Барем еднаш или двапати неделно јадете риба богата со омега 3 масни киселини (лосос, сардина, пастрмка, туна).

Јадете лешници, бадеми, ореви и други јаткасти плодови, бидејќи тие се богати со незаситени мадти.
Во салатата ставете ленено семе или семки од тиква и сончоглед над динстаниот зеленчук.

Месото секогаш подготвувајте го без масло бидејќи тоа содржи доволно маснотија за да може да се зготви.

Обезбедете си доволно витамин Е од следниве намирници: брокула, морков, грозје, лук, компир, јагоди, спанаќ, портокали.

За подготовка на јадењата користете маслиново, ленено или некое ладно цедено масло.

Избегнувајте претерано внесување алкохол. Хроничната употреба на алкохолот го оштетува вашиот мозок.

Јадете црно чоколадо (но не премногу) бидејќи е докажано дека придонесува за подобра концентрација и за подобро помнење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот