Хорор во Обреновац- кучиња питбул нападнале жена, сопственикот побегнал

Фото: Pexels.com

Денеска во Обреновац четири кучиња питбул нападнале друго куче, а потоа и сосетката која се обидела да ги раздвои, како и нејзините синови и внук, неофицијално дознава Курир.

-Додека сосетката се обидувала да го одбрани своето куче од четири крволочни кучиња во сопственост на соседот, се здобила со сериозни повреди, скршена рака и скинат дел од скалпот и била згрижена во болница – тврди изворот.

Според неговите зборови, на патот било пронајдено големо парче кожа, со влакна насекаде. На фотографиите од местото на нападот се гледа крв и парчиња кожа.

-Додека се обидувале да ги разделат кучињата и бабата, едниот од двата сина бил каснат за раката, додека другиот син и внукот биле каснати за нозете. Соседот кој е сопственик на кучињата дошол до крајот на улицата да ги земе кучињата, побегнал и ги сокрил од полицијата, бидејќи не го нашле на адресата – вели изворот на Курир.

Ова не е првпат да ги пушта своите кучиња кои напаѓаат други животни и луѓе, тврди нашиот извор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот