ХОРОР ВО ФЛОРИДА: Тројца пријатели тргнале на риболов, ги нашле застрелани и масакрирани (ВИДЕО)

Полицијата во Флорида го испитува убиството на тројца блиски пријатели кои биле претепани и застрелани на езеро додека рибареле. Тие во петокот вечерта тргнале на риболов на езерото Стрит во Фростпруф, каде биле пронајдени нивните тела.

„Најдовме ужасна сцена“, изјави шерифот Грејди Џад пред новинарите, додавајќи дека видел многу убиства, но тоа е едно од најстрашните во неговата кариера, објави Фокс Њуз.

Телата на тројца пријатели, 20-годишниот Демион Тилман, 28-годишниот Брендон Ролинс и 30-годишниот Кивин Спрингфилд, како што рече шерифот, биле масакрирани.

Тројцата пронашле оддалечено место во шумата крај езерото, но биле нападнати неколку минути по нивното пристигнување. Полицијата била известена од таткото на Ролинс, кого го разбудил неговиот син со повик за помош.

Тој дошол на местото на злосторството околу десетина минути по повикот и го нашол неговиот син како сѐ уште покажува знаци на живот, а другите двајца пријатели се веќе мртви, изјави шерифот, додавајќи дека нивниот татко ја повикал полицијата од бензинска пумпа, затоа што брзајќи го заборавил својот мобилен телефон.

Синот успеал да му каже неколку реченици на својот татко, но она што му го кажал „сè уште не е за објавување“, соопшти полицијата.

Ролинс починал пред да пристигне брзата помош.

Одговарајќи на прашањето на новинарите дали младите луѓе ги познавале убијците, шерифот одговори дека тој сè уште не може да каже ништо со сигурност, но дека „ова не е место каде што едноставно ќе налетате на некого“.

Истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот