Холандските власти уапсија осомничен за убиството на новинарот Де Врис

Питер де Врис
Фото: EPA-EFE/EVERT ELZINGA

Холандските власти денеска уапсија 27-годишен полски државјанин, осомничен дека го организирал убиството на познатиот новинар Питер де Врис, речиси точно една година по вооружениот напад врз него.

Уапсеното лице, чиј идентитет не е соопштен, е осомничено дека „ги наредил оние што го убиле Де Врис“, соопшти холандското обвинителство.

Тие не соопштуваат други детали, но нагласија дека ја продолжуваат истрагата за да откријат кој го нарачал убиството и мотивот.

За убиството на Де Врис им се суди на 21-годишниот Холанѓанец Делан Г. и на полскиот државјанин Камил Е., а нивните пресуди судот треба да ги изрече на 14 јули. Обвинителите побараа доживотна казна затвор за двајцата.

На 6 јули 2021 година, Де Врис беше застрелан од непосредна близина во центарот на Амстердам, им подлегна на повредите девет дена подоцна, на 64-годишна возраст.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот