ХОЛАНДСКА КОМПАНИЈА вработува без разговор за работа и праќање CV – Слободен печат
ВестиЕкономија

ХОЛАНДСКА КОМПАНИЈА вработува без разговор за работа и праќање CV

Компанијата „MamaLoes“ се занимава со продажба на предмети за деца преку интернет.

Компанијата „MamaLoes“ е прва во Холандија која почна да вработува работници без поднесување резимеа и мотивациски писма.

Станува збор за таканаречено отворено вработување, каде луѓето кои сакаат да работат треба само да го остават своето име и контакт податоци и да чекаат повик. Бидејќи работниците не пополнуваат никакви прашалници и не одат на посебни разговори со работодавачот, работата ја добиваат кога ќе добијат повик од фирмата.

Компанијата MamaLoes се занимава со продажба на предмети за деца преку интернет.

„На нас ни е доволно личноста да каже дека може да ја извршува таа работа. Ние потоа им даваме шанса за работа и да се докажат“, изјави директорот на компанијата MamaLoes, Лус де Волдер.

Тој додава дека работниците почнуваат со минимална плата, но со текот на времето можат да напредуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close