Хирург од Штип почина од коронавирус

По неколкудневно лекување во Штип и во Скопје, штипскиот хирург Ѓорѓи Денков (67) почина како последица од коронавирусот, објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ). Тој претходно имал други здравствени проблеми, но кога минатата недела состојбата му се влошила бил неколку часа на испитување во Клиничката болница во Штип, а потоа префрлен во Скопје каде било утврдено дека е позитивен на коронавирус.

„Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите. Ова е 9. жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата. Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на SARS-CoV-2. Овие загубени животи не смеат да бидат залудни“, напишаа од АСМЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот