„Харт ван Недерланд“: Холанѓаните веруваат во прогресивниот план на Руте

Според истражувањето граѓаните најмногу ги радува отворањето на фризерските салони, но и отворањето на градините и дозволата за посети во домовите за стари лица.

Околу 70 проценти од Холанѓаните сметаат дека холандскиот премиер Марк Руте добро ја води земјата во справувањето со ширењето на корона вирусот, а една петтина од вкупно 2.000 испитаници сметаат дека Владата препано ја донела одлуката за олеснување на мерките.

Ова се податоците на истражувањето што го изработи „Харт ван Недерланд“, а ги објави порталот „НЛ Тајмс“.

Според истражувањето граѓаните најмногу ги радува отворањето на фризерските салони, но и отворањето на градините и дозволата за посети во домовите за стари лица.

Олеснувањето на мерките ќе оди постепено, а како што најави Руте, фризерските салони и салоните за убавина, како и основните училишта ќе бидат отворени на 11 мај, а од 1 јуни ќе почнат со работа повторно одредени железнички линии, рестораните и кината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот