Хаос во Норвешка: Најмалку 50 лица се заразиле со омикрон на божиќна прослава

Норвешка ковид-19/ Фото: МИА

Официјални лица во Норвешка тврдат дека најмалку 50 луѓе во Осло биле заразени со сојот омикрон на коронавирусот.

Случаите се поврзани со неодамнешната божиќна прослава на една компанија во ресторан во Осло, изјавиле официјалните лица,  пренесува агенцијата АП.

Осло преку соопштение наведува дека се очекуваат уште повеќе случаи.

Официјалните лица се обидуваат да ги откријат начините на пренесување на вирусот на прославата.

Норвешкиот Институт за јавно здравје соопшти дека пациентите живеат во Осло и околните општини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот