Ханс Клуге: Владата на РСМ стори сѐ што требаше, не само за вакцините, туку и за подготовка за имунизација

Фото: EPA-EFE/IDA GULDBAEK ARENTSEN DENMARK OUT

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска во интервју за Телма истакна дека Владата на Република Северна Македонија направила сѐ што треба, не само за набавка на вакцини против ковид-19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација.

– Владата на Република Северна Македонија стори сѐ што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем, да обезбеди соодветна обука и опрема. И нарачката за Северна Република Македонија веќе е направена затоа сега се работи за неколку недели. Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ, како и со регионалната канцеларија да се стори сѐ што е возможно да се забрза процесот, истакна Клуге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот