Хакиран профилот на Mараја Кери: Објавен навредлив твит за Еминем

Profimedia

Дремнав малку и ова се случи?, изреагира пејачката после тоа што се случи.

Во текот на новогодишната ноќ, твитер-профилот на Мараја Кери беше хакиран и на него беа објавени навредливи твитови.

Твитот што привлече најмногу внимание е оној во кој пишува за половиот орган на раперот Еминем.

„Дремнав малку и ова се случи?“, изреагира пејачката после тоа што се случи.

На публиката веднаш ѝ беше јасно дека станува збор за невкусна шега и дека Мараја никогаш не би напишала нешто такво.

Засега, единствена осомничена за овој случај е сајбер-бандата „Chuckling Squad“, која има историја со напади на профили на Твитер и Јутјуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот