Хакерски напад во американската банка „Капитал Уан”

Хакери/ Фото: ЕПА

Електронските системи на американската банкарска компанија „Капитал Уан” (Capital One) се подложени на голем компјутерски напад, што доведе до истекување лични податоци на нејзините клиенти.

Како што соопшти компанијата, која е со седиште во Вирџинија, хакерот, чиј идентитет е идентификуван, добил пристап до личните информации на клиентите на банката кои аплицирале за кредитни картички.

Банката истакнува дека по истрагата може да потврди дека со упадот „се засегнати околу 100 милиони луѓе во САД и 6 милиони во Канада”.

Хакерот исто така успеал да добие пристап и до броевите за социјално осигурување на околу 140.000 клиенти и до 80.000 броеви на банкарски сметки. Сепак, тој не успеал да украде броеви на кредитни картички, соопшти компанијата.

Според „Вашингтон пост”, ФБИ уапсила осомничен за случајот. Тоа е 33-годишна жителка на Сиетл. Таа се соочува со обвинение за компјутерска измама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот