Хајредини: Мицкоски да каже зошто не е изградена ниту една хидроцентрала додека тој беше директор

Хајредини и Мицкоски/Фото: Слободен печат

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, кој долги години работел и во енергетскиот сектор, на својот фејсбук профил го повика претседателот на ВМРО-ДПНЕ да објасни зошто додека тој бил директор на ЕСМ не е изградена ниту една хидроцентрала.

„Од една страна, никому не му е јасно што е толку страшно Ковачевски, или Битиќи, да се сретнат со Мицкоски и да му go кажат истотo тоа што го кажуваат секој ден? Од друга страна, и Мицкоски треба да објасни зошто барем една од електричните централи, предвидени во програмата на ВМРО „Преродба во 100 чекори”, дури и “проширена и надградена”, не е изградена во време кога тој беше и директор на Електростопанство на Македонија. Дури ниеден камен темелник не се положи“, напиша Хајредини.

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната средба договорија ВМРО-ДПМНЕ да ги достави своите контакти за набавка на поевтини енергенси до министерот за економија Крешник Бектеши, кој треба да ги исконтактира.

ВМРО-ДПМНЕ предлага и работа на ТЕЦ Неготино, за што е потребно обезбедување на енергенс. Така, изјави Мицкоски, ќе имаме поевтина струја од берзанската која може да се продава на стопанството. Тој укажа и на заначењето на приватната компанија ТЕ-То за производство на топлинска и електрична енергија.

По средбата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во радио-гостување изјави дека „Мицкоски даде план за заштеда на 300 милиони евра за надминување на енергетската криза, сега се е во рацете на власта и Ковачевски“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот