Гувернерот на француската Централна банка: Брегзит досега префрли 2.500 финансиски работни места во Франција

 Гувернерот на Централната банка на Франција изјави дека повлекувањето на Велика Британија од Европската унија доведе до преместување на скоро 2.500 финансиски работни места и „најмалку 170 милијарди евра средства” во Франција, јави Гардијан.

Лондон останува најважниот финансиски центар на континентот, но Амстердам, Даблин, Франкфурт и Париз се обидуваат да привлечат компании кои сакаат да останат активни во еврозоната од 19 земји.

Пандемијата на коронавирус го направи уште поважно стимулирањето на деловната активност, со оглед на тешките економски ефекти. – И покрај пандемијата, речиси 2.500 работни места се префрлени и околу 50 британски организации дозволија преместување на најмалку 170 милијарди евра (150 милијарди фунти) во Франција до крајот на 2020 година, рече гувернерот Франсоа Вилерој де Галхау.

Прочитајте и...  Вучиќ им се извини на винарите од Истра што виното им го нарече: Ѓубре и одвратно

– Се очекува префрлањата да се зголемат оваа година. Особено, Брегзит ја принуди Европа да ја развие својата финансиска автономија, рече тој.

ЕУ ќе дозволи клиринг куќи во Лондон да работат низ целиот континент 18 месеци, бидејќи Унијата нема свои соодветни институции. Меѓутоа, по овој период, теоретски, финансиските трансакции во евра ќе мора да се решат во рамките на ЕУ.

– Покрај тоа, вистинската, финансиска унија мора да ни овозможи подобро да ги мобилизираме заштедите, вели гувернерот. Тој инсистира на тоа дека се користи можноста дадена од Брегзит за да се создаде функционална „унија на пазарите на капитал” во ЕУ.

Извор.МИА

Поврзани вести

Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

Слободен печат

Растурена свадба во хотел во Тетово

Слободен печат

Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Слободен печат

Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Слободен печат

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Весна Тодоровска

Шахпаска: Преку Законот за родова еднаквост ја зајакнуваме улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење

Слободен печат

Остави Коментар