Гутереш предупреди дека светот е на работ на амбис поради климатските промени

Антонио Гутереш/Фото: EPA-EFE/PASCAL BITZ / WEF HANDOUT MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот е „на работ на бездна” поради климатските промени и оти е неопходно да се преземат големи чекори за да се избегне катастрофа.

На виртуелниот самит за климатски промени, чиј домаќин е американскиот претседател Џозеф Бајден, Гутереш ги повика светските лидери до 2050 година да формираат глобална коалиција, која ќе работи на постигнување нето нула емисии на јаглерод.

Тој изјави дека земјите ширум светот мора да ги укинат субвенциите за фосилни горива, да ги зголемат инвестициите во обновлива енергија и зелена инфраструктура и да престанат со изградбата на нови електрани на јаглен.

Гутереш ги повика богатите земји постепено да го намалуваат јаглеродот до 2030 година, а другите до 2040 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот