Гутереш: Коронавирусот и климатските промени се многу сериозни проблеми кои мора да бидат поразени

Главниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денес предупреди дека светот не е на патот на којшто би требало да биде за да се исполнат климатските цели договорени во 2015 година.

– Во моментов сме далеку од целите растот на температурите да се огрнаичини на 1,5 или два Целзиусови степени според климатскиот договор од Париз – рече Гутереш.

Главниот секретар на Светската метеоролошка организација Петери Талас предупреди дека „само прашање на време“ е кога температурниот рекорд ќе биде срушен.

– Глобалното затоплување ќе продолжи ако продолжи пореметувањето на емисиите на гасовите. Неодамнешна прогонза покажува дека новиот годишен глобален температурен рекорд е веројатен во следните пет години -рече Талас.

Гутереш пак посочи дека не смее да се губи време, ако сакаме да спречиме климатска катастрофа.

Шефот на ОН рече дека коронавирусот и климатските промени се „многу сериозни проблеми“ кои мораат да бидат поразени.

– Важно е целото наше внимание, кое треба да се насочи на борбата против коронавирусот, да не не одврати од мерките против климатските промени – посочи Гутереш.

Додава дека намалувањето на емисиите на гасовите поради коронавирусот не смее да се прецени.

– Нема со вирус да се бориме против климатските промени – истакна Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот