Гугл со специјален тим се бори против лажните реклами за коронавирус

Фото: Профимедиа

Гугл објави извештај во кој се наведува дека добро функционираат нивните напори да ги блокираат несаканите интервенции на луѓе кои ја користат пандемијата за да измамат потрошувачи.

Интернет гигантот за пребарување, кој е светски лидер во рекламирањето преку интернет, формирал специјален тим што ќе се спротивстави на постојаниот проток на лажни или опасни реклами.

Ваквите рекламни измами, на пример, имаа вистински врв во понудата на заштитни маски за лице, се вели во извештајот. Цените беа многу пати повисоки од вообичаеното, а квалитетот не ја исполни објавената цена.

Тимот веќе блокираше и отстрани десетици милиони реклами поврзани со новиот коронавирус во последните месеци. Компанијата, исто така, отстрани еден милион профили на оние кои се рекламираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот